Во реновираното училиште во кочанско Горни Подлог, 130 ученици од прво до деветто одделение

Новата учебна година 130 ученици од прво до деветто одделение од основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во кочанско Горни Подлог Кочанско, ја започнаа во реновирано училиште со најсовремени услови за изведување наставата со топлотна и еколошка изолација на училиштето.
- Реконструкцијата на училиштето ја направивме со грант од Владата на Јапонија во висина од 70 479 евра, Општина Со реконструкцијата на училиштето целосно е заменет кровот, направена е нова фасада, обновен е подот и заменети се вратите и прозорците, со што значително ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот, истакна Петар Апостлов,секретар на општина Кочани.
Директорката на училиштето Весна Зашова појасни дека влагата во училишната зграда во Подлог се зголемила по поплавите во февруари 2015 година. Овој проект, потенцира, обезбеди модерна енергетски ефикасна зграда со поквалитетни услови за работа и учење.
Договорот за одобрување на средствата беше потпишан на почетокот на март во Јапонската канцеларија за врски во Скопје, по што Општина Кочани како носител на проектот, ги презема активностите за реализација на прокетот.
Училиштето во Горни Подлог работи во состав на ОУ„Св Кирил и Методиј“ од Кочани и е објект изграден пред 50 години, во кој посетуваат настава 130 ученици од прво до деветто одделение од селата Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци.
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
