Во Радовиш постои куќа со мотиви од Бетмен, луѓе доаѓаат за да ја видат и да се сликаат со нејзе
Откако за прв пат се појави во јавноста, ликот на Бетмен многу често го менуваше својот изглед. За прв се појави во стрипот „Detective Comics“ број 27 издаден на 30 март 1939 година, во црно-сива комбинација на облека. Уште оттогаш креаторите Боб Кејн и Бил Финџер го смислиле како алтер его на милијардерот Брус Вејн и родум од Готам Сити.
Човекот лилјак стана супер херој на многу деца но и возрасни. А доказ за тоа е и куќата - пештера во Радовиш.
На социјалните мрежи се споделуваа фотографии од куќа во Радовиш , со мотиви од Бетмен. Во потрага по обожавателот на стрип јунакот, екипата на Ја сакам Македонија го посети семејството Костадинови - сопственици на куќата на Бетмен.
Ако ги прашате Радовишани за куќата на Бетмен, сите ќе ви ја покажат точната локација, бидејќи на ова место живее само еден Бетмен, газда Баже.
Популарниот суперхерој Бетмен е идол на многу млади деца ширум светот, кои кога ќе пораснат, некако забораваат на јунаците од своето детство. Но, тоа не важи и за овој Македонец кој очигледно ја „прифатил играта“ и решил својот семеен дом целосно да го украси во мотиви со човекот-лилјак.
Филип ни откри дека неговиот татко во соработка со архитектите ја направил куќата да биде во стилот на Бетмен. Секој што ќе помине покрај неа не може да не застане, да види за што станува збор. Луѓето често застануваат, излегуваат од возилата и се фотографираат покрај неа.
Главните знаци се поставени на надворешните ѕидови кои гледаат кон улицата и се лесно забележливи. Можеби навечер е поинтересниот момент кога се осветлени со мистична светлина.
Можеби сега засега се доволни овие обележја на човекот-лилјак, но до следното наше видување и посета на Радовиш, сигурни сме дека господин Баже ќе ја надополни атмосферата со нешто ново карактеристично за јунакот Бетмен.
Ново на Сител
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење