Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
Поздравни обраќања имаа градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија – Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.
Пред присутните со сплет македонски народни песни и ора настапија и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола.
Бистата се поставува по иницијатива на МАЕИ и е донација од партијата, а беше поддржана од градоначалникот Колефски и едногласно прифатена од Советот на општина Пустец. Таа е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје.
„Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство“, изјави Колефски за МИА по доставеното барање.
Во 2008 година, Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец се именува „Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на МАЕИ Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Република Албанија
Ново на Сител
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“