Балкан
15. јуни 2016 - 8:43

Во првото тромесечие албанскиот туризам со позитивен биланс

Во првото тромесечие од годинава забележан е позитивен биланс во албанскиот туризам.

Според извештајот на Централна банка, во споменатиот период, албанските граѓани за патување надвор од државата потрошиле 216 милиони евра.

Од друга страна странците,кои престојувале во Албанија,главно како туристи,потрошиле 283 милиони евра,што значи дека е остварен суфицит од 67 милиони евра. 

Инаку, се забележува раст како на странците кои влеуваат во Албанија,но и на албанските граѓани кои патуваат надвор од земјата и тоа за 27 односно 21 насто. Трошоците и просечниот број на минати денови пак,бележат намалување и кај двете главни целни групи, бизнис и туристи.