Во првиот квартал од годинава Албанија ја посетиле над милион странски туристи
Во првите три месеци од годинава Албанија ја посетиле над милион странци, со што се потврдија позитивните очекувања на туристичките оператори, јави државната агенција АТА.
Официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, покажуваат дека само во март бројот на странски државјани бележи раст за над 39 отсто, споредено со истиот месец минатата годи
Трендот на странски посетители во првиот квартал покажува висок интерес кај посетителите од Азија, двојно зголемен во споредба со пред една година.
– Во меѓувреме, забележителен е пораст на посетителите од Јужна, но и од Централна Европа. Шпанија покажува поголеми бројки за организиран туризам, додека Италија има зголемен интерес за индивидуални посетители. Дури и кај туристите од Полска, кои се најбројни кога станува збор за организиран туризам во земјава, има зголемување на резервациите во однос на авансни договори со гаранции, наведува агенцијата.
Според ИНСТАТ во март 2023 година, регион со најголем број странски државјани кои влегле во Албанија е европскиот со 369.935 граѓани, а потоа следат Америка и Источна Азија/Пацифик, со 8.952 односно 2.183 граѓани.
Минатата година во Албанија престојувале 7,5 милиони странски туристи што се оценува како рекордна. Нивниот број е поголем за 1,9 милиони споредено со 2021 година и 18 отсто повеќе од 2019 година, која досега го држеше рекордот по посетеност.
Ново на Сител
-
ОЈО: Градоначалничката како службено лице да ги посочи парцелите за коишто се сомнева дека има незаконитости
-
Трибина во врска со Оперативниот план 2025 „Визија за промена“
-
Станков: Добрата одлука почнува со точна статистичка анализа, затоа е важно користење на официјалните статистички податоци
-
Учениците полагаат државна матура, МОН и ДИЦ им посакаа успех и очекуваат да помине во најдобар ред
-
Узбуна во автомобилската индустрија, можно е да биде присилена да го запре производството
-
Протести во Бугарија против воведувањето на еврото
-
Интер и ПСЖ во жестока борба за трофејот од Лигата на шампионите
-
Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик