Во протестите во Каталонија 34 лица повредени, четворица уапсени

Триесет и четири лица, меѓу кои 12 полицајци, се повредени во судирите помеѓу полицијата и приврзаници на независноста на Каталонија, кои денеска ги блокираа главните сообраќајници – автопатишта, улици и железнички пруги ширум тој шпански регион.
Регионалната полиција во Барселона соопшти дека привела четири лица кои пружале отпор кога полицијата се обидела да ги растера групите демонстранти.
Генералниот штрајк го организираа синдикати и студентски здруженија, кои бараат независност за Каталонија.
Тие бараат и подобра социјална политика, вклучувајќи 35-часовна работна недела и зголемување на минималната плата, но протестите дополнително се предизвикани од незадоволството кон централната власт поради судењето на лидерите на каталонските сепаратисти.
Резултатите од последните анкети покажуваат дека 7,5 милиони жители на Каталонија се поделени во однос на прашањето за отцепување од Шпанија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
