Во протестите во Авганистан загинаа најмалку четири лица
Најмалку четири лица загинаа, а 15 се повредени во вчерашните протести во Кабул, соопшти денеска болницата за итни случаи во главниот град на Авганистан.
Во протестите учествуваа повеќе од 1.000 лица кои бараа подобра безбедност во Кабул. Специјалните полициски сили употребија солзавец и водени топови со цел да ги спречат демонстрантите да стигнат до претседателската палата. Четворица полицајци се повредени откако демонстрантите фрлаа со камења.
Парламентарецот Абдул Хафиз Мансур тврди дека владините безбедносни сили убиле осум демонстранти.
Демонстрантите носеа фотографии од нападот со камион бомба, што се случи во средата, при што загинаа најмалку 90 лица, а 450 се повредени. Според нив одговорноста за нападот е на претседателот Гани и премиерот Абдула Абдула.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола