Во просек од 150 до 160 лица го губат животот во сообраќајни несреќи
Во просек од 150 до 160 лица годишно го губат животот во сообраќајни несреќи. Иако годинава на државно ниво се очекува одредено намалување на бројот на загинати во сообраќајни несреќи, сепак според Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, безбедноста на сообраќајот го нема достигнато потребното и посакувано ниво.
Статистиката покажуваат дека во 2018 година во земјава загинале 133 лица, а според неофицијалните податоци годинава се очекува бројка од околу 130 загинати.
Само годинава се случија неколку сообраќајни несреќи со поголем број загинати и повредени лица што според претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска, ја прави ситуацијата уште полоша.
– Следната година, пред сите нас како учесници во сообраќајот, но и како надлежна институција се исправени сериозни предизвици кои верувам дека ќе успееме да ги надминеме, истакна Кожуваровска на денешната средба со медиумите.
РСБСП традиционално денеска им врачи благодарници на поголем дел од медиумите без кои, како што рече Кожуваровска, не би можела да се подигне јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Меѓу наградените медиуми беше и Медиумската информативна агенција (МИА).
На светско ниво, според статистиката на Светската здравствена организација, годишно животот во сообраќајни несреќи го губат околу 1,3 милиони лица, а околу 50 милиони се повредени.
Ново на Сител
-
Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина
-
Трамп: Националната гарда ја презема контролата врз спроведувањето на законот во Вашингтон
-
Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море
-
Крозето: Владата на Нетанјаху ги изгуби разумот и човечноста
-
Повреда причина зошто Ѓоковиќ го пропушти Мастерсот во Торонто
-
Во јуни најмногу странски туристи од Турција
-
Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа
-
Британскиот премиер ги поддржува напорите на Трамп за мир во Украина, но смета дека Киев мора да биде вклучен во преговорите