Во Пробиштип отворено ново детско игралиште

Со хепенинг и свечено отворање на ново детско игралиште општина Пробиштип денеска и официјално го одбележа завршувањето на учебната година во основните училишта и детските градинки.
Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски вели дека реконструкцијата на игралиштетото заедно со реквизитите кои ги обезбеди фабриката за акумулатори „ТАБ Мак“ чини околу 30.000 евра.
- Децата од училиштата и детската градинка заедно со своите наставници и аниматори денеска се овде на новоотвореното детско игралиште, која што е заедничка инвестиција на општина Пробиштип со фабриката „ТАБ Мак“, која што мора да ја пофалам е една од најопштествено одговорните компании во нашата општина, која што еве помогна да ги набави современите детски реквизити. На ова детско игралиште ја подготвивме подлогата и оградата, вели Тоневски.
Заменик директорот на „ТАБ Мак“, Петар Коцен остакна дека како општествено одговорна компанија инвестира во проекти од значење за граѓаните, а секако и за децата, кои се нашето најголемо богатство.
Ново на Сител
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
