Во Прилеп творена изложба на уметникот Андреј Миневски
Вечерва во ликовниот салон во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е отворена изложбата на уметникот Андреј Миневски од Скопје.
Уметникот Миневски вели дека инспирација за изложбата е да се долови ателјето на уметникот. Изложбата носи наслов „Секвенци на создавање“.
- Сакам да ја доловам сликата за тоа какво е ателјето на уметникот, кои алати ги кориси. Донесов материјали со кои работам и со кои го истражувам уметничкиот израз. Едноставно, да се види дека се користат многу алати при работата во ателјето, вели Миневски.
За изложбата говорешеуметничката Јулијана Манојловска.
Инаку Андреј Миневски во 2014 година дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, отсек скулпторство во класата на професорот Исмет Рамиќевиќ и дипломира во 2014 година.
Скулптурите кои ги работи се направени од различни материјали: дрво, пластика, цемент, метал . Сепак, металот е материјал во кој го гледа сопствениот уметнички израз и креативноста.
Досега има учествувано на повеќе изложби и ликовни колонии, меѓу кои на Интернационалните Лесновска и Кичевска ликовна колонија, на изложбата „35 години од формирањето на Факултетот за ликовна уметност“, на групната изложба Young Art во Национална Галерија Мала Станица, во Скопје и на групната изложба Liber Tango во галерија КО-РА во Скопје.
Во 2015 година имал самостојна изложба насловена „T-rex“.
Ново на Сител
-
Пешак потешко повреден на патот Струмица - ГП Ново Село
-
Кривична пријава за двајца дебрани за намерно предизвикување пожар во градски парк
-
Хаос во Собранието на Заечар при одржување седница, фрлена чадна бомба и употребен бибер-спреј
-
Стопанска комора: Кардиолозите и бизнисмените заедно против срцевата слабост
-
ДИК ќе одржи ждрепка за утврдување на единствена листа на кандидати залокалните избори 2025
-
Македонската гордост во Австралија - Престон Лајонс на гости во Македонија
-
ЕУ и САД заеднички ќе работат на враќање на украинските исчезнати деца
-
Министерот Панче Тошковски демантира дека убиената Росица му барала помош и му испратила СМС-порака