Во Прилеп се крчкаат 65.000 посни сарми за „Свети Никола"
Прилеп се подготвува за 11. организирана прослава на светецот заштитник „Свети Никола". По овој повод, пет здруженија на жени, традиционално, го почнаа виткањето на малите посни сарми со кои градот влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Годинава, малите посни сарми се приготвуваат во хотелот „Липа". Домаќин е конфекцијата „Васидора". Сопственикот Јоргос Василопулос вели дека ги набавиле сите намирници потребни за прославата на празникот.
– Петте здруженија на жени од Прилеп приготвија 65.000 мали посни сарми. За таа намена се набавени 1.200 килограми зелка, 80 килограми ориз, 40 килограми црвен пипер, 300 литри масло за готвење. За сите гости на посната трпеза која ќе биде во Центарот на Прилеп в понеделник, на празникот „Свети Никола", се набавени 200 килограми грав, 350 килограми риби, 100 килограми маслинки, 100 килограми овошје, 2.000 литри бело и црвено вино и 100 литри ракија, изјави Василопулос.
Според градоначалникот Марјан Ристески, „Свети Никола" се слави со векови во Прилеп, востановена е голема традиција. – Благодарност до здруженијата на жени кои вредно, секоја година, ги виткаат надалеку познатите мали посни сарми. Оваа традиција многу значи за Прилеп кој последните години на големо се развива, инфраструктурно и економски, рече Ристески.
Утре наутро е литургијата во црквата „Свето Благовештение", а литија ќе се движи до центарот на градот, до параклисот каде ќе биде и централното чествување на празникот.
Потоа е и посната трпеза на булеварот, а ќе има и изложба на икони посветени на големиот светец „Свети Никола" во домот на културата „Марко Цепенков".
Ново на Сител
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство