-->
-->
Во Прилеп првороденото бебе во 2020-та е машко
-->
Машко е првото бебе што се роди годинава во Прилеп, во Градската болница рано изутрината во 2:35 часот.
Ова и е трето дете на мајката Весна Стојкоска.
- Многу сум среќна и ова е најубавиот подарок во Новата година. При породувањето се помина во добар ред. Бебето и јас се чувствуваме добро, изјави Стојкоска.
Во прилепската болница едно по друго во првите часови се родија две машки деца.
- Во првите чесови од Новата 2020 година сме побогати со две деца. Двете се машки и со тежина од по 3 630 грама. Во одлична состојба се, и бебињата и мајките, рече д-р Изабела Чочева Талеска.
Првото бебе во Новата година од Општината доби штедна книшка со 15 000 денари и подароци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни пожарите во „Јасен“ и во атарот на селата Беловодица и Церово
-
Сончево и топло со локална облачност, за викендот температурите во опаѓање
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца