Македонија
31. October 2017 - 21:55

Во Прилеп пролонгиран рокот за доставување предлози за доделување на Третоноемвриските награди

   Во пресрет на Трети ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, новиот општински Совет, односно новоформираната надлежна Комисија, го пролонгораше рокот за доставување на предлози за доделување на најпрестижното општинско признание – Третоноемвиските награди, кој инаку истече уште на 13-ти октомври, и во кој, неофицијално, биле поднесени над педестина предлози.
 
                      Од новоформираната Комисија посочуваат дека заради времетраењето на изборниот процес, кој се совпадна со рокот за да се одлучува по веќе пристигнатите предлози, Комисијата конечните одлуки за тоа кому ќе ги додели Третоноемвриските награди, ќе ги соопшти ден пред одржувањето на традиционалната свеченост, при што во изборот ќе влезат и старите и новите предлози.