Македонија
14. October 2015 - 18:12

Во Прилеп почна имунизацијата против сезонскиот грип

Вакцинацијата против сезонски грип почна денеска во Прилеп. Годинава, Центарот за јавно здравје-Прилеп набави 2.100 вакцини против грип од холандско производство.

Ова го истакна епидемиологот д-р Татијана Мургоска Станимировиќ на прес-конференција во прилепскиот Центар за јавно здравје. 

- Има интерес и кај помладите и секако кај хронично болните кои редовно сезонски се вакцинираат. Препораката од Светската здравствена организација е хронично болните да бидат опфатени со вакцинацијата дури со 75 проценти, рече Станимировиќ.

Според неа, досега во Прилеп нема регистрирано заболени од грип, а доколку има потреба, Центарот за јавно здравје ќе обезбеди дополнителни количества вакцини.

Станимировиќ додаде дека СЗО поттикнува што повеќе луѓе да се вакцинират против сезонскиот грип за да се спречат епидемии, а предност имаат луѓето со хронични, белодробни и кардиовасулари заболувања.