Во Прилеп осветена новата црква „Света Петка“
Во Прилеп денеска беше осветена новоизградеаната црква „Света Петка“. Со чинот на осветување чиноначалствуваше Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г-дин Петар, по што следуваше и свечена литургија.
Црквата изградена во византиски-црковен стил, има средишен објект кој е целосно завршен, камбанаријата е 80 проценти завршена, а догодина, како што е најавено, ќе се доуреди просторот околу црквата и административниот дел. Внатрешноста на црквата е фрескоживописан. Досега се фрескоживописани олтарскиот дел и двете кубиња. Иконостасот и олтарскиот дел се од мермер.
На чинот на осветување присуствуваа градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, пратеници во Собранието на РМ, претставници на бизнис секторот и голем број граѓани.
Градоначалникот Ристески по овој повод посочи дека чинот е голем и значаен затоа што по 100 години се гради и се осветува ваков црковен храм во Прилеп.
- Црквата „Света Петка“ се градеше со години од донации од бизнис секторот, граѓаните, од верниците и од институциите“. Посака многу здравје, љубов и среќа за сите, изјави градоначалникот Ристески.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран