Во Прилеп минимално е намален бројот на новозаразени, но е зголемен на активните случаи
Прилеп се носи и се обидува да се справи со ситуацијата на новозаразените случаи од коронавирусот, а здравствениот систем ги полни капацитетите. Бројките што ги соопштува Центарот за јавно здравје покажуваат дека последната недела од март има мал пад на новозаразени, но високи бројки на активни случаи. Последниве две недели, има преку 400 новозаразени неделно.
Од 22 до 28 март во Општината имало 404 новозаболени што е за три случаи помалку од претходната недела, но бројот на активни случаи се искачи на 1030 и е за 90 случаи повеќе од периодот од 15 до 21 март кога биле регистрирани 940 активни случаи. Тоа укажува дека опоравувањето оди подолго време. Бројот на хоспитализирани лица е ист, 118 и речиси толку се на дневна терапија.
Изминатава недела на заразата ѝ подлегнале 20, а претходната недела – 23-ца прилепчани. Со ова, вкупната бројка на починати лица од почетокот на пандемијата се искачи на 327, а бројот на заразени е вкупно 6 933-ца прилепчани.
Во прилепската болница на сите ковид-оддели има слободни 14 кревети, а до петок се очекува во функција да биде ставена модуларната болница со капацитет од 35 легла.
Во градот целосно е доминантен британскиот сој на вирусот кој многу брзо се шири и ги зголемува апелите за почитување на мерките за заштита и да нема групирања и собирања.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
