Во Прилеп голем интерес за Водици
Дури 86 прилепчани се пријавија утре на Водици да се фрлат по крстот во водите на базенот на хотелот „Сонце“ по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, беше соопштено на денешната прес-конгеренција во прилепската локална самоуправа.
Според отец Благоја Станкоски, архиерејски намесник во Прилеп, тоа ја потврдува големата заинтересираност на прилепчани за учество на Водици.
- На овој ден, според преданието на Светата православна црква, се појавуваат сите три лица на Светата троица, Отецот, Синот и Светиот дух кога Свети Јован го крштева Исус Христос на реката Јордан. Нашата Света црква за овој ден го има востановено христијанскиот поздрав „Бог се јави, Навистина се јави“. Апелирам до верниците во раните утрински часови да ги посетат црквите на литургијата, да го извршиме Светиот голем Богојавленски водосвет, а потоа во 12 часот во базенот на хотелот „Сонце“ ќе биде фрлањето на крстот. Сакам, исто така, да апелирам до сите кои се пријавија, бидејќи бројката е голема, а имаме и 3-4 малолетни деца, да внимаваат при скокањето во базенот, истакна протоерејот-ставрофор Станкоски.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, ги повика сите православни христијани од општината да присуствуваат на ова традиционално одбележување на празникот.
- Годинава имаме рекордно пријавени лица кои ќе се фрлаат по Светиот крст. За сите локалната самоуправа обезбеди и пригодни подароци. Оној кој ќе биде најсреќен и ќе го фати Светиот крст ќе добие телевизор и златен крст, рече Ристески
Ново на Сител
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга