Во Прифатниот транзитен центар-Гевгелија евидентирани 2.988 мигранти
Регионалниот Центар за управување со кризи од Гевгелија соопшти дека од вчера до денеска до 8 часот во Прифатниот транзитен центар-Гевгелија биле евидентирани податоци за 2.988 мигранти од кои поголемиот дел или околу 2.500 со 4 возови се транспортирани за Табановце.
Најмногу бегалци, поточно 1.556 се од Сирија, 786 од Авганистан и 646 од Ирак. Меѓу нив се евидентирани 518 семејства и околу 1.200 малолетни лица.
Екипите на Црвениот крст поделиле 1.824 шишиња вода, 565 пакети со храна, 22 ќебиња, 670 јакни, 390 пара ракавици и 175 пара кондури. Тие извршиле 45 интервенции, 566 асистенции и транспорт на четворица мигранти од котата 59 до кампот во Гевгелија.
Од ЈЗУ Гевгелија информираа дека нивните дежурни екипи извршиле 38 прегледи на лице место без потреба од транспорт до Општата болница, како и дезинфекција на површина од 2.250 метри квадратни.
Според проценките, во моментот во Прифатниот транзитен центар има околу 400 мигранти кои очекуваат да бидат транспортирани за Табановце, а од МВР најавија дека на грчка страна има околу 1.000 мигранти кои чекаат влез во гевгелискиот прифатен камп.
Ново на Сител
-
19-годишник кој превезувал мигранти бегајќи од полиција удрил во работна машина на пат
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025
-
Доналд Трамп денеска полага заклетва како 47. претседател на САД