Свет
13. јуни 2016 - 9:07

Во престрелката во Орландо пукале тројца заменици шерифи и 11 полицајци

Тројца заменици шерифи и 11 полицајци учествувале во размена на оган со напаѓачот во геј клуб во Орландо кој зад себе остави 50 жртви, објави локалната полиција.

Шефот на полицијата во орландо, Џон Мина изјави на прес конференција дека полицајците се суспендирани додека трае истрагата. Тоа е типична процедура во такви случаи.

Во масакрот во геј клуб во Орландо беа убиени најмалку 50 луѓе и 53 се ранети. Злосторството го изврши Американец со авганистанско потекло Омар Матин кој во размена на оган со полицијата беше убиен. Тоа е најмасовно убиство со огнено оружје во историјата на САД.