Македонија
14. October 2019 - 16:50

Во пресрет на Самитот на ЕУ, седница на Националниот совет за евроинтеграции

Добро е Европската унија да го реализира ветеното од 2018 година и да одреди датум за преговори за членство на Македонија. Тоа ќе значи охрабрување на сите политички субјкети, но и на граѓанте да се продолжи во вистинската насока.

Длабоко веруваме дека европските лидери наредните денови ќе ја согледаат важноста на моментот и ке ја донесат вистинската визионерска одлука. Вака министерот за надворешни работи Никола Димитров се обрати пред европратениците барајќи поддршка за македонските евроинтеграции.

Тој истакна и дека Македонија ја поддржува инцијативата на Франција за нова методологија по која ќе се водат преговорите.

„Луѓето во регионот немаат што да изгубат ако пристапниот процес биде предмет на поголем надзор и се бара поголем кредибилитет. Немаме што да добиеме ако утре Советот каже дека можеме веднаш да станеме земја членка,ние  ќе бидеме истата земја. Нам н е потребен процес да станеме повеќе Европејци, го поддржуваме ова, но ако вториот столб е кредибилитетот, првиот е перспективата“, смета Димитров.

Пред европратениците Димитров потсети дека стартот на преговорите за Македонија значи стабилност на регионот и кредибилитет на Унијата во западен Блакан.

Сесијата на европскиот парламент претседавачот Мекалистер ја заврши со повик за одговорност од сите држави членки при одлучувањето за Македонија, а особено до француските колеги кои се увериле дека на државата и оди добро.

Во меѓувреме и македонскиот парламент работеше на тема евроинтеграции. Од власта се оптимисти за датумот и покрај барањето за нов начин на преговори кој го бара Париз.

Преседавачот на нациалниот совет за евроинтеграции Никола Поповски смета дека државата ќе мора да го промени целиот пристап во евроинтеграциите. Тој критикуваше дека датумот за преговори дома се користи во изборни цели.

И покрај тоа Поповски вели држвата мора да добие датум за преговори или некок механизам за разговори со Брисел кој би почнал во првата половина на 2020.