Во пожарите во Грција минатиот месец изгореле над 50 илјади хектари

Во јули годинава во големите пожари во Грција изгореле 50.791 хектари земјиште, а само на островот Родос изгорената површина е 18 илјади хектари, според проценките на оперативната единица BEYOND на Институтот за астрономија и астрофизика на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.
Врз основа на податоците, конкретните шумски пожари предизвикале значително поголемо уништување во споредба со пожарите во истиот период во последните 13 години, со оглед на тоа што опожарените површини во јули 2023 година се три пати поголеми од јули 2022 година и четири пати повеќе од истиот месец во 2021 година.
За време на топлотниот бран во Грција од средината на јули, во земјата активни беа десет големи пожари на различни локации, а на островите Родос, Евија и Крф потребна беше и превентивна евакуација на жителите и туристите.
Ново на Сител
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
