-->
-->
Во пожар во куќа во Велес изгоре просторија од третиот кат и кровот, нема повредени
-->
Во пожар што утрово пламна на третиот кат од семејната куќа на ул „Димче Мирчев“ бр 1 пред рампата во населбата Дворови во центарот на Велес изгоре поголема просторија од спратот и покривот на куќата. За среќа во пожарот нема повредени членови на семејството.
- Пожарот бил пријавен во ТППЕ Велес во 7:40 часот и со брза интервенција на пожарникарите со две противпожарни возила и осум пожарникари пожарот бил локализиран за кратко време од 15 до 20 минути, а целосно е ликвидиран во 10 часот, информираат за МИА од ТППЕ Велес.
Воедно, со нивната брза интервенција било спречено пожарот да се прошири на целата куќа, како и на соседната која е лепенка и на една стара и напуштена куќа.
Како што појаснуваат од ТППЕ Велес, изгорела голема просторија која сопствениците ја користела како спална со мебелот во неа, како и покривната конструкција од околу пет метри квадратни.
Увид во пожарот направила екипа на СВР Велес и инспектор од крим полиција со цел да се утврди причината за пожарот, информира за МИА, Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Инаку, станува збор за семејната куќа на Анче Здравкин, сопственик на локалната велешка телевизија „Здравкин“ и неговата сопруга Ленче Здравкин позната и призната хуманитарка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штип „безбеден град“ – инсталација на 24 часовен видео надзор
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи