Во Португалија се одржуваат парламентарни избори
Португалците денеска ќе гласаат за парламентот, а социјалистите на актуелниот премиер Антонио Кошта имаат речиси еднакви шанси со централнодесничарската опозиција. Во Португалија денеска ќе се одржат парламентарни избори, во услови надополнителни мерки на претпазливост откако владата одлучи да им дозволи на гласачите заразени со коронавирусот да ја напуштат изолацијата и да гласаат лично, заедно со сите други граѓани.
Бидејќи се проценува дека околу 10 отсто од вкупно 10 милиони португалски граѓани сега се изолирани поради Ковид-19, владата во Лисабон минатата недела одлучи да ги укине ограничувањата за време на денешното гласање. Изборната комисија на прес-конференција соопшти дека „исполнети се сите услови гласањето да се одвива во апсолутно безбедни услови“.
Како и многу европски земји, Португалија соборува неславни рекорди за бројот на заразени со Ковид-19, иако во последниот бран на сојот Омикрон е намалена смртноста и хоспитализирањата благодарение на високите стапки на вакцинација.
Надлежните ги повикаа сите заразени со Ковид-19 да гласаат од 18 до 19 часот, но овој апел не е обврска и нема да има посебни избирачки места за заразените гласачи.
Ново на Сител
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан