Во Порторико запленети над 1,6 тони кокаин
Американски федерални агенти вчера запленија кокаин вреден 33 милиони долари од брод кој се обидел да ја прошверцува дрогата на малиот порторикански остров Виекес.
Повеќе од 1,670 килограми кокаин биле запленети откако непознати лица го истовариле товарот од брод и побегнале од областа, соопшти Царината и граничната заштита на САД.
Островот Виакес се наоѓа источно од Порторико и е популарна туристичка дестинација.
Заплената на кокаинот уследи неколку дена откако американската Царина и гранична заштита и полицијата на Порторико заплениле кокаин вреден повеќе од пет милиони долари од брод во близина на западниот брег на градот Ринкон.
На 1 септември биле запленети над 260 килограми кокаин, при што се уапсени двајца американски државјани. Порторико долго време беше транзитна точка за дрога шверцувана во САД и Европа.
Ново на Сител
-

Ново Село ќе добие модерен пазар вреден над 8 милиони денари
-

18 општини чекаат изведувач на регионалната депонија кај Мечкуевци
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
