Во поплавите во северен Пакистан загинаа 43 лица

Во поплавите предизвикани од монсунските дождови во Пакистан загинаа 43 лица, соопштија локалните власти.
Поголемиот дел од жртвите се од село на границата со Авганистан. Дождовите, кои започна вчера, најмногу ја погодија Северната гранична провинција, како што се случи и минатата година. Научниците ги припишуваат поплавите на климатските промени.
Во селото Урсун, во областа Шитрал, од стихијата беа уништени една џамија и десетици куќи, како и армиска касарна. Вкупно 41 лице ги загубија животите, од кои осумина војници. Шест од жртвите биле однесени од надојдените води, додека се молеле во џамијата.
Во тек е спасувачка операција предводена од армијата, која користи хеликоптери за спасување на луѓето заробени од вода.
Двајца кинески инженери загинаа и петмина пакистански работници се повредени при уривањето на ѕидот на браната Тарбела поради поројните дождови, соопшти портпарол на спасувачката служба во покраината.
Во април, од дождови и поплави во Пакистан загинаа 127 лица.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
