Во понеделник во Албанија пристигнуваат 15.000 вакцини на „Фајзер“
– В понеделник во Албанија приситигнува пратка со 15.000 вакцини од компанијата „Фајзер“, информираше Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот на експерти за справување со пандемијата.
Гостувајќи во емисија на телевизијата „Ора њуз“ таа додаде дека имунизацијата на целата популација во земјата предвидено е да заврши за 14 месеци.
-Врз основа на договорот за 500.000 вакцини со компанијата „Фајзер“, в понеделник ќе приситигнат 15.000 илјади, што со претходно добиените станува збор за количество од 31.380 дози вакцини. Со вакцинација почнавме на 11 јануари многу побрзо од некои европски земји, а до сега имунизирани се околу 10 илјади здравствени работници, потоа лица сместени во старските домови и персоналот во овие установи, како и повозрасните лица од 80 години. Најдоброто сценарио за да се заврши процесот на вакцинација е 14 месеци, рече Ракацоли.
Таа заборуваше и за актуелната епидемиолошка состојба со Ковид-19 посебно нагласувајќи го фактот дека овој месец се попогодена е младата популација и тоа од 15 до 25- годишна возраст.
-Низ целата земја располагаме со 1.600 болнички кревети за ковид пациенти. Постои сценарио за нивно добро управување. Веднаш штом се пополнија четирите ковид болници во Тирана, беа отворени и регионалните ковид болници. Посебно загрижува фактот што се зголемува бројот на новозразени меѓу младата популација, особено на возраст од 15 до 25 години. Имаме случаи и до 65 години, додека над овие возрасти, бројките се пониски од порано. Кога ќе излезам на улица не гледам стари луѓе како шетаат без маски, што тоа не се случува и со младите. Доколку се почитуваат мерките, болеста може да се спречи, посочи Ракацоли.
Во меѓувреме во земјата продолжуваат восоките бројки на новозразени, починати, но и на оздравени лица.
Ново на Сител
-
Кривична против директорка на Специјализираната болница Отешево поради злоупотреба на службена положба
-
Вардар ја победи фаворизираната Лозана
-
Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка
-
САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Тајланд и Камбоџа разменија оган во близина на спорната граница
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Гази Баба и Кисела Вода
-
Макрон потврди дека Франција ќе ја признае Палестина како држава