Во понеделник почнува августовскиот испитен рок за државна матура
Матурантите кои во јунската сесија не ја положиле државната матура или не во целост, ќе полагаат идната седмица. Како што соопшти Државниот испитен центар, во августовскиот испитен рок се пријавиле 1802 ученици.
Во понеделник, 15 август, ќе се полага задолжителниот предмет мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература.
Македонски јазик и литература ќе полагаат 128 кандидати, албански јазик и литература 266, а 21 ученик е пријавен за турски јазик и литература.
На 16 август ќе се полага предметот математика за кој се пријавени 88 кандидати, а на 17 август ќе се полага странски јазик. Англиски јазик ќе полагаат 1294 кандидати, француски јазик и германски јазик по четворица кандидати и еден кандидат за руски јазик.
На 18 август е закажано полагањето по предметите: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.
ДИЦ соопшти дека бизнис ќе полагаат 199 кандидати, историја 218, биологија 82, филозофија 143, хемија 4, физика 7 и естетика 14.
Испитите по сите предмети ќе почнуваат во 10 часот и ќе се реализираат на 11 локации во Република Македонија. Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот ќе биде однесен во училиштата и ќе биде вратен во ДИЦ.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија