-->
-->
Во Полска се урна авион Ф-16 на проба за аеромитинг, пилотот загина
-->
Авион Ф-16 на полското воено воздухопловство се урна за време на пробен лет пред аеромитингот во Радом, во централниот дел на земјата, а пилотот загина во несреќата, изјави синоќа портпаролот на полската Влада.
„Трагедија се случи во Радом. Авион Ф-16 се урна за време на подготовките за аеромитинг. За жал, пилотот загина. Вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш разговараше со премиерот и е на пат кон местото на несреќата“, изјави портпаролот на полската влада Адам Шлапка во објава на социјалната мрежа X.
Несреќата се случила вчера околу 17:30 часот кога авионот се урна на пистата, поради што аеромитингот во Радом, планиран за викендот, беше откажан, наведуваат полските медиуми.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука