Во Полска 10 лица починаа од студ, во Турција откажани 500 летови поради снежно невреме
Во последните два дена во Полска десет лица починаа од студ, а во Истанбул е прекинат воздушниот и водниот сообраќај.
Според полскиот Центар за безбедност, прво биле пријавени седуммина починати поради замрзнување, а подоцна се регистрирани уште три лица. Вкупниот број на жртви кои починале од хипотермија од 1 ноември досега достигна 53 лица.
Студениот бран доведе и до смрзнување на одредени региони, а температурата се спуштила и до минус 14 степени.
Во Турција снежните врнежи го блокираа Истанбул, околу 500 авионски летови се откажани поради лошите временски услови, а во прекин е и водниот сообраќај.
Во текот на ноќта снежната покривка во Истанбул достигна до 40 сантиметри и предизвика хаос на патиштата поради граѓаните кои сакале да заминат од градот за време на викендот.
Ново на Сител
-
Заврши есенскиот дел од ракометната Суперлига, Алкалоид лидер
-
Работнички со максимални шест порази ги заврши настапите во АБА 2
-
На две грчки пристаништата откриена дрога со вкупна вредност од над четири милиони евра
-
Малолетно девојче нападното со нож од поранешното момче од Грчец
-
ЦГК: За пејачи и изведувачи општините трошат милион евра годишно
-
Јапонец осуден на две години затвор за кражба на 200 кг млад кромид
-
Во период од пет минути кражби во две банки во атинска населба
-
Претрес во Кочани, пронајдена дрога