Македонија
22. September 2020 - 15:18

Во полицијата е пријавен вчерашниот инцидент во струмичката болница по смртта на деветмесечно дете

Докторка од Струмичката болница пријави вербални закани од непознато лице и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, по вчерашниот инцидент кога еден од роднините на деветмесечното бебе, кое почина во болницата, бурно реагирал.

Рендевска додаде дека пријава за смртта на детето нема, бидејќи од болницата во полицијата пријавуваат само доколку има сомнеж за насилна смрт.

Според лекарите, детето во болницата било донесено во многу тешка состојба и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало.