Во Пијанец и Малешевијата засадување на 53 илјади садници
Во Пијанец и Малешевијата во рамки на кампањата „Ден на дрвото“ за денеска е најавено дека ќе бидат засадени 53 илјади садници.
Во Делчево и Македонска Каменица ќе се сади бор и багрем, а планирано е да се засадат 15 илјади садници на површина од 7 хектари.
Според информацијата на директорот на ЈП „ Голак“ Делчево, Јордан Димитровски, акцијата ќе се спроведе на три локации.
- Во Делчево ќе се засадат садници на локалитетот Еленин Врв кај селото Очипала, исто така и во центарот на Делчево покрај новиот парк, како и традиционално, садници ќе се посадат на ГП Делчево. Додека во Македонска Каменица ќе се засадат садници кај селото Дулица, рече Димитровски.
Во Малешевијата ќе се засадат 38 илјади садници. Според информацијата на директорот на ЈП „Малешево“, Никола Атанасов, само во Берово ќе се засадат 25 илјади садници, додека во Пехчево 13 илјади.
- 25 илјади садници на црн бор, багрем, јавор и јасен планирано е да се засадат во Берово на три локации со површина од 10 хектари. Акцијата ќе се одвива на локациите: Јуовец, Тонтев Рид кај Беровско Езеро и Криви Дол, истакна Атанасов.
Во акцијата за пошумување ќе бидат вклучени учениците од училиштата во регионот, како и граѓани за кои е обезбеден превоз до локациите за пошумување
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер