Во петок одлуката за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски
Судечкиот совет на Солунскиот суд денешното рочиште го прекинал, а продолжението го закажа за в петок, кога и треба да биде соопштена одлуката за барањето на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски во Македонија.
И денешното рочиште беше одржано зад затворени врати по барање на адвокатите.
Тие повторно побарале Грујевски и Бошковски да не бидат екстрадирани во Македонија, бидејќи ќе немало фер судење, а можело да им бидат загрозени и животите. Постапката против нив ја оценуваат како политички прогон.
Поранешниот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, Александар Даштевски, како експерт на предлог на адвокатите на Горан Грујевски и Никола Бошковски, денеска беше сослушан како сведок во Судот во Солун, потврди за МИА адвокатот на обвинетите, Петар Василев.
- Денеска продолжи со сослушувањето на сведоци. Беше сослушан Даштевски, кој од страна на Судот беше прашуван за правните аспекти на постапката во смисла на меѓународните конвенции и конвенциите за човекови права. Тоа ќе биде и последен сведок во постапката, по што се очекува да биде донесена првостепена одлука, вели Василев.
Од одлуката, како што рече, ќе зависи ќе биде поднесена жалба.
За екстрадиции во Грција, одлучува совет, најчесто во тричлен состав, двајца судии и еден обвинител, на јавно рочиште, освен ако не биде доставено специјално барање, сослушувањето да се одржи зад затворени врати.
Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција, независни еден од друг. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром. Судењето по три одложувања ќе се одржи на 17 мај следната година. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември.
Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во близина на Солун.
Грујевски и Бошковски, кои се обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.
Ново на Сител
-
Скопјанец ограбен во Градски парк
-
Пронајдено 14-годишното девојче по кое се трагаше три дена
-
Две лице пресретнале малолетник, му се заканиле и го ограбиле
-
Маринакис: Договорот од Преспа не влезе на предизборната агенда со одлука на грчката Влада
-
Мајки нападнати од своите синови во кумановско
-
Сиљановска Давкова доби покана од колешката од Швајцарија, Амхерд за учество на Самитот за мир во Украина
-
Составот на новата влада на Мицкоски пред финален договор
-
Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува