-->
-->
Во Пехчево се одржа 14. Пензионерска музичка ревија
-->
Фолклорот и традицијата ги обедини пензионерите од источна Македонија на 14-та Пенизонерска музичка ревија во Пехчево. На сцената при домот на културата во Пехчево настапија околу 150 учесници, фолклорни групи и музички состави од пензионерските здруженија од Пехчево, Берово, Делчево, Виница, Македонска Каменица и Кочани.
Претседателот на Здружението на пензионери од Пехчево, Борис Зарински, истакна дека тие се горди што, како што рече, нивната мала општина и Здружение е домаќин на еден ваков настан.
- Ова е во рамките на нашата годишна програма на нашето Здружение и сметаме дека овој настан има двострано значење. Како прво, ние како пензионери од третата доба од нашиот живот, малку да се разонодиме, а второ да шириме познанства и да се запознаваме со малите места како што е нашата општина, рече Зарински.
На сцената се презентираше богатство од носии, интерпретирани беа стари и заборавени македонски изворни песни со што пензионерите на старата традиција и дадоа нов живот.
За градоначалникот Игор Поповски, овој настан ја збогатува културната понуда во Пехчево и придонесува за негова промоција.
-Има една изрека која вели дека кај возрасните е мудроста, а кај младите енергијата, но јас би додал дека денешнава средба е доказ дека има уште енергија кај пенизонерите и многу ми е драго што оваа средба се одржува во Пехчево, бидејќи со ова се дава пример на помладите дека треба да има дружење почитување меѓусебно и дека треба да се оддалечиме малку од современите техники и да се вратиме на нашата традиција и култура, рече Поповски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тримесечно бебе почина во Шуто Оризари
-
Автоматска пушка недостасувала од магацин во Карпош, осомничена полициска службеничка
-
Македонската репрезентација со 4 гола позитива на полувремето против Катар
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева