-->
-->
Во ПЕ на Државниот архив во Велес показна противпожарна вежба
-->
Во Подрачното Одделение на Државниот архив од Велес денеска во соработка со Територијалната Противпожарната Единица од Велес се одржа показна противпожарна вежба со теоретски и практичен дел.
Вработените во Архивот, освен евакуација, денеска научија како се ракува со противпожарен апарат. Гаснеа импровизиран пожар во дворот на институцијата, а претходно имаа теоретски час.
Како што изјави по вежбата Слободан Ников раководител на ПО на Држаниот архив од Велес, вработените оцениле дека има потреба од ваква вежба поради големата вредност на архивската документација која ја поседуваат.
- Поседуваме околу шест до седум илјади кутии со архивска документација и мораме да знаеме да реагираме и да бидеме подготвени во случај на пожар и слично, потенцира Ников.
Според Љупчо Лепидовски раководител на ТППЕ од Велес, вежбата е успешно изведена.
Лепидовски потсети на паролата на ППЕ „Безбеден град,сигурни граѓани,безбедни институции“.
Инаку, ТППЕ од Велес досега вакви показни вежби има изведено во некои од институциите од посебна важност во градот:градинките, училиштата, болницата, Пензионерскиот дом, Интернатот, Народниот музеј и локалната библиотека
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен