Во парламентот на Берлин влезе поддржувач на нацизмот
Новиот пратеник во парламентот на Берлин, Кај Нерстхајмер од партијата „Алтернатива за Германија“ (АФД) е приврзаник на нацизмот, покажуваат неговите пораки на социјалните мрежи.
И покрај тоа што новиот пратеник го избришал својот профил на социјалната мрежа Фејсбук весникот „Зи Дојче Цајтунг“ открива низа пораки кои што се спротивни на германскиот устав кој забранува глорификација на нацизмот, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Нерстхајмер, кој на неделните покраински избори во Берлин, освои 26 отсто од гласовите во изборната единица Лихтемберг, во источниот дел од градот, отворено промовира ксенофобија и антисемитизам.
Во пост од 2012 година 52-годишниот политичар се опишува себе си како лидер на „Германската одбранбена лига“, крајно десничарска анти-исламска милиција основана во 2010 година. Членовите на оваа организација се сметаат себе си за „заштитници на Јудео - Христијанската и Грчко - Римската традиција“ чија цел е да се бори против нападите од радикалниот ислам.
Во своите постови Нерстхајмер ги промовира нацистите и ги брани екс нацистичките членови како во случајот со Ерих Прибке поранешен капетан на СС обвинет за воени злосторства во 1997 година кој во втората светска војна убил стотици луѓе во Италија.
Нерстхајмер може да се соочи со судски прогон за негирање на холокаустот поради тоа што преку социјалните мрежи споделил видео со наслов „Се е лага, вистинските причини за војната од 1939 година“. Тој јавно ги навредувал и припадниците на ЛГБТ заедницата, тврдејќи дека се „дегенерирани видови“ а за бегалците смета дека се паразити кои што се хранат од германскиот народ.
За него шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер и партиите кои не се противат на приемот на бегалците се предавници, а се залагал и за употреба на политичко насилство за Германија да се ослободи од бегалците.
Според германските закони, за голем дел од своите јавно декларирани ставови Нерстхајмер може да добие затворска казна.
Неговата партија АФД на ниво на Берлин освои 25 пратенички места од вкупно 149, а има реални шанси со сегашниот рејтинг од околу 14 проценти на федерално ниво наредната година да добие триесетина места и во Бундестагот.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка