Живот
20. March 2017 - 22:42

Во овој филм за прв пат актерката вистински доживеа оргазам и ја промени историјата!

„Непристојно и морално опасно", „несоодветно, неморално и развратно", „исклучително храбро" - ова не се рецензии за „50 нијанси потемно", туку критички коментари за филмот од 1933, „Екстази", што официјално се смета за првиот кој содржи сцена со женски оргазам, и којшто ја прослави легендарната Хеди Ламар.

Критичарите се сложуваат и дека ова е еден од најреволуционерните филмски сцени воопшто. „Екстази“, инаку е чешки игран филм од 1930-те, кога американските филмаџии, но и публиката воопшто, не беа подготвени за такви сцени.

Таа улога претставуваше отскочна даска за Ламар, на која најмногу се сеќаваме по улогата на Далила од „Самсон и Далила".

Приказната на филмот пак, е за жена која го остава својот импотентен сопруг за да се впушти во врска со помлад инженер. Иако сцената со оргазмот не прикажува голотија, таа е присутна низ целиот филм.