Свет
24. December 2015 - 12:08

Во овие земји е забрането да се прославува Нова година - А еве и зошто!

Во три земји, со мнозинско муслиманско население е забранета прослава на Нова година, пренесува Агенцијата Анадолу (АА).
 
Властите во Брунеи, Таџикистан, кои се наоѓаат во Азија, и Сомалија која се наоѓа во Африка ја забраниле прославата.
 
Султанот, Хасанал Болкиах, изјавил дека прославата за Нова година во Брунеи  е забранета, бидејќи поголемиот дел од населението се муслимани, додавајќи дека овој празник не е во согласност со исламската традиција. Оние кои нема да ја почитуваат одлуката ќе бидат казнети со пет години затвор.
 
Министерството за образование на Таџикистан, изјавил дека новогодишните прослави, украсување елки и огнометот се строго забранети.
 
Владата во Сомалија, излегла со соопштение дека прослава на Божиќ е забранета, бидејќи е христијански празник. Исто така навеле дека прославата на Нова година е во спротивност од муслиманската традиција.
 
Сепак, христијаните во Сомалија ќе имаат можност да ги прослават престојните празници.