Во организација на СЗПМ: Дебата за остварливоста на проектот „Светска влада за светски мир“
По повод излегувањето на книгата „Светска влада за светски мир“ од новинарот, публицист и поранешен пратеник во Собранието на Македонија Аце Сајкоски, Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и Книгоиздателството „Бата прес“ вечерва организираат дебата на тема „Мир и светска влада на ООН реалност или фикција“.
Вовед во дебатата ќе направат Васил Тоциновски, писател и Димитар Илиевски, аналитичар и претставник на Сојузот на пензионерите на Македонија, а на пригоден начин ќе биде обележана и триесетгодишнината од проектот „Цвеќе на мирот“ на хуманистот Живко А. Поповски – Цветин.
Дебатата ќе се одржи во 18 часот во Клубот на љубителите на книгата при Здружението на пензионерите на општина Аеродром, а манифестацијата е во рамки на обележувањето на 70 годишнината од формирањето на ООН во 1945 година.
Ново на Сител
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН