Во Општина Илинден интензивно се градат повеќе капитални објекти
Градоначаликот на Општина Илинден Жика Стојановски заедно со соработниците извршил обиколка на повеќе локации во Општината каде се во тек интензивни градежни работи во рамките на голем број капитални проекти.
Стојановски, како што е наведено во денешното соопштение од Општина Илинден, се запознал со текот на активностите околу изградбата на новите домови на култура во населените места Марино и во Миладиновци, изградбата на фекалната канализација со пречистителна станица во н.м. Марино, пешачкиот мост во Миладиновци, рехабилитацијата на улицата „10“ во Кадино, како и реализацијата на проектот Галерија на отворено, во рамките на кој е опфатено уредување на дворот на Домот на култура „Илинден“.
Обиколката била искористена за средби со граѓаните во населбата Илинден, како и во населените места Марино, Кадино и Миладиновци. На средбите граѓаните директно ги посочиле проблемите во своите населени места, изнесувајќи свои мислења и идеи, како и нови иницијативи за подобрување на квалитетот на живеење во Општина Илинден.
Градоначалникот Стојановски средбите со граѓаните ги оценил како корисни, бидејќи, како што посочил, токму активното граѓанско учество придонесува во создавањето квалитетни услови за живеење и брз одржлив локален економски развој на локалната заедница.
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија