Во општина Дебар легализирани 1.145 дивоградби
Во општина Дебар легализирани се 1.145 дивоградби, од вкупно поднесените барања во двата рока 3.187 барања за легализација.
- Во двата рока, според Законот за легализација во 2011, а потоа и со измените и дополнувањата донесени кон крајот на 2015 година, во секторот за урбанизам при општина Дебар, барања за легализација на дивоизградени објекти доставиле вкупно 3.187 лица. Од вкупниот број позитивни решенија добиле 1.145 лица или 36 насто, изјави Петрит Пачуку раководител на секторот.
Тој истакнува дека во првиот рок доставени се 2.085 барања, при што позитивни решенија се издадени на илјада подносители, дел се во постапка, додека 900 се со некомплетирани документи, односно недоставен елаборат
- Крајниот рок за легализација на овие објекти е 31 декември. Поради тоа апелирам до сите подносители на барања да ги докомлетираат барањата, нагласува Пачуку.
Во вториот рок, односно од крајот на 2015 до март 2016 година доставени се 1.102 барања. Крајниот рок за легализирање на овие објкети е 31 декември 2017 година.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии