Во Оман меѓународни разговори за конфликтот во Авганистан
Нова рунда разговори, со цел да се постигне мир меѓу авганистанската Влада и бунтовниците, започна денеска во главниот град на Оман, Мускат, соопшти авганистанското Министерство за надворешни работи.
- Шестиот состанок на така наречената Квадрилатерална координативна група се одвива по долга пауза со делегации од Авганистан, од Пакистан, од Кина и од САД, изјави портпаролот на министерството, Шекиб Мустагни.
Делегацијата на Авганистан е составена од заменикот-министер за надворешни работи Хекмат Халил Карзаи, потоа, претставници на авганистанскиот Висок мировен совет - независно тело одговорно за преговорите со бунтовниците, Советот за национална безбедност, Министерството за одбрана и авганистанската разузнавача агенција НДС, информира Мустагни.
Од Пакистан учествува и секретарот за надворешни работи, Техмина Јанјуа. Од САД и од Кина се очекува да ги испратат своите специјални претставници за регионот.
Квадрилатерална координативна група има за цел да развие патоказ за да ги доведе талибанците на мировната маса, но досега не успеа да го стори тоа.
- Дискусиите ќе вклучуваат координација и соработка во мировните напори, досегашните заложби направени од Квадрилатерална координативна група, патот кон мирот и борбата против тероризмот, истакна Мустагни.
Состанокот се одржува речиси една и пол година по последниот во мај 2016 година, поради затегнатите односи меѓу Авганистан и Пакистан поради наводната поддршка на Пакистан за авганистанските Талибанци.
- На состанокот не се поканети претставници на талибанците, потврди нивниот портпарол, Забихулах Муџахид.
Талибанците ја отфрлија оваа иницијатива откако почна во јануари 2016 година.
Талибанците контролираат околу 11 отсто од Авганистан и се борат за контрола над уште 30 отсто. САД и некои земји од НАТО испраќаат повеќе војници во Авганистан за да ги зајакнат владините сили.
Ново на Сител
-
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта