Во Охрид успешно реализирана акцијата на Здравје Радово „Здравје во твои раце”
Вчера во центарот на Охрид се случуваше интересна акција која ги соедини сите оние кои се грижат за своето здравје, сакаат да спортуваат, дружат и пијат здрав пијалок, јогурт. Се подаруваа и возеа велосипеди, се спортуваше и ширеа здрави навики.
“Позитивни и среќни лица, убава атмосфера надополнета со ширење на здрави навики, возење велосипеди и конзумирање на јогурт, еден од најздравите пијалоци кој секојдневно треба да го пиеме. Таква е сликата која што вчера можеше да се види во центарот во Охрид, благодарение на успешно реализираната кампања на Здравје Радово ,,Здравје во твои раце”. Задоволен сум од заинтересираноста на сите посетители да ги применуваат здравите навики. Среќен сум што допринесовме за дополнителна среќа и измамивме насмевки кај дечињата од социјално загрозените семејства кои добија подарок велосипед. Оваа акција беше со цел да се помогне, да се шират здрави навики и покаже една поинаква димензија на спортување и дружење.”– изјави Александар Блажевски, односи со јавност во Здравје Радово
На настанот се реализира и акцијата Велoдарност, во која беа донирани велосипеди за најмладите од социјално загрозените семејства во Охрид.
„Затоа што сакаме да шириме здрави навики, пред се’ кај најмладите, затоа со големо задоволство и ентузијазам се вклучивме во овој настан, заедно со Здравје Радово, како помагачи за реализација и помош за остварување на донацијата на велосипеди на најмладите членови на социјално загрозените семејства од Охрид.” – изјави Јовица Велјановски од здружението Единствена Македонија.
„Здравје во твои раце” беше неколку часовно дружење за сите рекреативци и сите оние кои сакаат да спортуваат и да одржуваат здрави навики како и здрав начин на живот.
“Без размислување се приклучивме кон иницијативата на Здравје Радово, со цел да помогнеме на сите што сакаат да научат правилно да возат велосипед, но и да помогнеме и да ги израдуваме многудетните семејства од Охрид кои се од социјално загрозен тип. ” – изјави Дарко Арсовски од “НаТочак”.
Ново на Сител
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
-
Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија