-->
-->
Во Охрид Светиот крст го фати Мартин Гоџоски
-->
Мартин Гоџоски од охридската населба Варош беше најуспешен и меѓу неколкуте стотини верници успеа да го извади Чесниот од осветените води на Охридското Езеро.
Ова е негово второ фаќање на Светиот крст. Тој во 2022 година исто така беше среќниот верник кој го извлече крстот.
За прв пат оваа година водите на Охридското езеро ги освети Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој и го положи Чесниот крст во езерските води.
На чинот на положување на Светиот крст присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Оваа година во Охрид има рекорден број на посетители.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот