-->
-->
Во Охрид се садеа елки и смреки на локалитетот „Мауцкер“
-->

На локалитетот „Мауцкер“ кај Охрид утрово се садеа дрвца во рамки на националната акција „Ден на дрвото“. Како и минатите години, најбројни беа учениците од охридските средни училишта, како и извидниците од градот, членови на еколошките друштва.
Учениците од основните училишта ги спроведоа активностите во рамки на акцијата во дворовите на нивните училишта. Во акцијата се вклучија и претставници на институции и политички личности.
Министерот без ресор Џери Наумоф заедно со претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и заменик-градоначалникот Ангел Јанев засадија дрвца во паркот на Кејот на Охридското Езеро.
Најмногу се садеа млади дрвца на елка и смрека, поради нивната поголема отпорност на ниските температури.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
