Во Охрид почна Првата школа за млади кривичари во Македонија
„Реформите на казненото-материјално право – контекстуалните аспекти“ е главната тема на расправа во рамки на Првата школа за млади кривичари, што во организација на Институтот за казнено право при Факултетот за правни науки „Јустинијан Први“ од Скопје викендов се одржува во Охрид.
- Ова е првпат во Република Македонија да се организира ваква школа за млади кривичари. Практиката и компаративните искуства на меѓународен план говорат дека секоја суверена и демократска држава вложува во ваков кадар како што се млади кривичари, истакна проф.Никола Тупанчески, раководител на Институтот за казнено право и претседател на Здружението на млади кривичари на Македонија.
Седумседеттина млади кривичари, луѓе со завршени мастерс-студии по казнено право, дипломирани магистри, како и кривичари што се на докторски и пост-докторски студии во областа заедно со експертите од кривичното право во рамки на школата ќе дискутираат по актуелни прашања од областа на кривичната практика.
- Концепцијата на оваа школа за која очекуваме да стане традиционална е замислена да детектира прашања што заслужуваат внимание, нивна анализа и истовремено да понуди некакви решенија, имајќи предвид дека на казнено-правен план состојбите во Македонија генерално може да се подобрат, појасни Тупанчески.
Тој истакна дека покрај главната тема „Реформите на казненото право – неговите контекстуални аспекти“, дефинитивно на средбата во Охрид ќе се разговара за сите отворени прашања кои претставуваат реален проблем во Република Македонија, од судството генерално, неговата независност, казнено-правната регулатива, имплементација на меѓународните стандарди...
Своите искуства во областа пред младите кривичари покрај проф. Тупанчески ќе ги споделат и академик Владо Камбовски, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Лидија Неделкова, д-р. Џемаил Салити, судија при Врховниот суд, проф. Александра Деаноска-Трендафилова од Правниот факултет, Ненад Јаничиевиќ, адвокат и поранешен претседател на Адвокатската комора на Македонија, како и м-р Драгана Кирпријановска, докторант на Правниот факултет „јустинијан Први“ од Скопје.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши