Во Охрид дебата за можните последици на бегалската криза по безбедноста на Македонија
Европската бегалска криза – причините за нејзиното појавување и можните последици по безбедноста на Македонија е темата на која се дискутираше во рамки на панел-дебатата што во организација на „Балканскиот форум за безбедност“ денеска се одржа во Охрид.
Учесниците на дебатата презентираа размислувања и ставови по однос глобалните, регионалните и македонските предизвици, како и за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.
Претседателот на „Балканскиот форум за безбедност“, воено-политичкиот аналитичар Благоја Марковски, оцени дека проблемот со бегалците од Блискиот и Средниот Исток се мултиплицира со актуелните проблеми со кои се соочува секоја од државите што се наоѓаат на рутата преку која тие минуваат.
- Бегалската криза е безбедносен, па и здравствен проблем за граѓаните на Македонија. Мора да се води сметка дека со бегалците можат да се поткраднат и непосакувани гости, кои доаѓаат како со разни идеологии и задачи за непријателски активности во земјите низ кои проаѓаат, рече Марковски.
Тој изрази уверување дека врз основа на заклучоците од денешната дебата ќе се придонесе како за безбедносната организација во Македонија, така и за проблемите воочени во рамки на прифатот и транспортот на бегалците да бидат елиминирани.
Поранешниот генерал Илија Николовски го посочи како загрижувачки фактот што покрај со бегалската криза Република Македонија се соочува и со политичка и институционална криза, што ја прави актуелната безбедносна ситуција во земјата мошне кревка.
Тој укажа и на светските и историските искуства кои покажуваат дека во земјите на премин остануваат околу 20 проценти од бегалците. Иако засега тоа не е случај со Македонија, Николовски предупреди на некои пораки од светот преку кои срамежливо се изнесуваат некакви предлози за некаков град за бегалци, некаде во југозападните делови на Бугарија, што секако според него е своевиден безбедносен ризик.
Ново на Сител
-
Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години се загинатите од Тетово во сообраќајната несреќа
-
На ГП „Табановце“ за влез и излез се чека 45 минути
-
Во стан во Велес пронајден мртов маж
-
Ангелов со апел за внимателност за Илинденските празници за да не се предизвикаат пожари
-
Кривична за гостиварец кој објавувал приватни фотографии со сексистички содржини од лажен профил
-
Три лица загинаа во тешка сообраќајка на автопатот Скопје - Тетово
-
ОЈО Битола доби нов Истражен центар за борба против најтешките и најсериозните облици на криминал
-
Николоски: Клучната разлика меѓу оваа и претходната влада е што сега се испорачуваат резултати, откочени се проектите од коридорите 8 и 10