Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира дека во одредени делови од земјата има појава на град, пороен дожд и засилен ветер.
-Источно од Крушево има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Северно од Велес има појава на пороен дожд и можна појава на суградица - посочуваат од УХМР.
УХМР информира дека до крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови временските услови ќе се стабилизираат.
Највисока температура во 15 часот денеска е измерена во Скопје, Петровец - 37 степени и на Зајчев Рид 36, 3 степени додека најниската била на Попова Шапка 21.
Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.
МИА
Ново на Сител
-

На 28 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
-

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
-

„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
-

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи
-

Скопјанец измамен за сума од 338.250 денари
-

Скопјанец прегазил 70-годишно лице во инвалидска количка
-

Мотоциклист тешко повреден по сообраќајка во Скопје
