-->
-->
Во објект на поранешна фарма во кумановско пронајдени 15 мигранти
-->

На 06.02.2022 во 13.40 часот на исклучувањето за с.Речица, кумановско, на автопатот Куманово-Табановце, во објекти на поранешна фарма, полициски службеници од Национална единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе пронашле 15 мигранти, соопштија од МВР.
Двајца од нив биле приведени поради сомнение дека се организатори, односно дека вршат криумчарење.
Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Останатите лица се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во прифатниот центар во Табановце.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
