-->
-->
Во новиот Совет на Општина Велес, никој не освои мнозинство
-->
На Локалните избори ни една од партиите не успеа да освои мнозинство во Советот на Општина Велес.
Според резултатите објавени на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК), најмногу гласови за кандидатските листи за членови на Советот на Општина Велес – 10.729 доби ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ со што освои 11 советнички места.
Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои 7.405 гласа, со што во Советот на Општина Велес ќе ја претставуваат осум советници.
Левица со 3.109 гласа обезбеди тројца советници, а ДУИ со 1.017 гласови освои едно советничко место во новиот Совет на Општина Велес, кој наскоро ќе се конституира.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје