Во Норвешка случајно пронајден викиншки меч стар 1.200 години
Додека шетал по пешачка патека на планината Хаукел, Норвежанинот Џастин Олсен открил вредна реливкија од времето на Викинзите - меч од ковано железо стар 1.200 години.
Станува збор за меч долг 77 сантиметри, кој датира од крајот на осмиот век.
- Иако кордиран, мечот е во одлична состојба и би можел повторно да послужи кога би се наострил, изјави за американската телевизија Си-Ен-Ен локалниот конзерватор Пер Мортен Екерховд.
Тој објасни дека мечот е добро зачуван благодрарејќи на тоа што планината Хаукел е прекриена со снег и мраз најмалку шест месеци во годината и затоа што во текот на летото нема многу влажност.
- Вистинска вредност е да се пронајде така добро зачувани остатоци од викиншкиот период, рече Екерховд, додавајќи дека на пролет на местото каде е пронајден мечот ќе се организира археолошко ископување, додека самиот меч ќе биде предаден на универзитетскиот музеј во Берген.
- Мечот датира од почетокот на викишката ера, од крајот на осмиот век, наведе арехологот Џастин Аксдал.
- Во тоа време, мечевите биле многу ценети, затоа што тоа било оружје само на важните членови на заедницата, додека поголем број останати Викинзи морале да се задоволат со нож или секира, додаде тој.
Експертите веруваат дека мечот е оставен на место на гроб или дека му припаѓал на некој патник кој бил убиен или подлегнал на суровата планинска клима.
Ново на Сител
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор